СКАНДАЛОЗЕН ОГЛАС НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ Грантови само за тие „во добра состојба со македонските власти“!?

Од кога во Македонија критерум за грант или тендер е близината со власта? Ова ли е таа нивна европска агенда или пак можеби оваа е таа нивна зелена агенда – праша портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

1,046

Поврзаноста и блиските односи со власта како главен критериум за добивање на грант од јавна тајна станаа и офијален критерум во условите за аплицирање на Фондот за иновации и технолошки развој – рече денеска на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Таа презентираше повик за доделување грант од страна на ФИТР, објавен на 20.12.2023 година за Обука за зелени работни места, а буџетот на тој проект изнесува 60.000 долари.






– Фрапантно е што како критериум за тоа кој може да аплицира јасно и недвосмислено е надеведно, цитирам: Сите апликанти мора да бидат формално конституирани, (внимавајте) ПРИЗНАТИ И ВО ДОБРА СОСТОЈБА СО СООДВЕТНИТЕ ВЛАСТИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА и да бидат усогласени со сите важечки регулативи и прописи.

Замислете, ова значи дека само подобни се нивните и оние кои се блиски до нив, а секој друг е индивидуа или правно лице кое не исполнува критеруми. Од кога во Македонија критерум за грант или тендер е близината со власта? Ова ли е таа нивна европска агенда или пак можеби оваа е таа нивна зелена агенда – праша Митева.

Таа рече дека ФИТР треба да одговори кои се критериумите по кои ќе утврдат кој е во добра состојба, а кој не е во добра сосотојба со властите, која е комисијата за евалуација која тоа ќе го цени?

Кој е тој документ со кој ќе ја докажат близината или добрата состојба? Дали можеби станува збор за препорака добиена од општинска организација или пак потврда за партиска донација?

Секој граѓанин во едно демократско општество, кога го чита овој оглас, се прашува кое е дното кое власта нема да го пробие, до каде ќе оди нивната желба за профит, штом јавно и директно посочуваат дека нема место за никој друг освен за блиските и оние кое се во добра состојба со нив како власт – рече Митева.

Таа потсети дека станува збор за 60.000 американски долари, кои од буџетот на граѓаните ќе завршат во нечиј приватни сметки на фирми или лица блиски до власта.

– Ова не смее да биде уште еден случај во низата кој ќе се вброи во скандалите на власта, за ова мора институциите веднаш да реагираат. Бараме од ФИТР да го повлече јавниот повик и директорот да си поднесе оставка за ваквите чекори. Воедно, Ковачевски да одговори дали ваква насока е дадена и до сите други директори кои имаат огласи за објавување ова да биде услов или критериум за аплицирање – рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

оглас, грант, фитр, скандал, вмро-дпмне, услов

 

Поврзани содржини