СКАНДАЛОТ СО ВОДОВОД ЌЕ ЗАВРШИ КАЈ РУСКОВСКА Грамада нови докази извади Димче Арсовски ВИДЕО
Уште еден доказ дека без тендер е работено на улицата Варшавска, рече Арсовски, е тоа што при реконструкцијата на водоводната мрежа е покренатата дисциплинска постапка против работници кои се фатени на 20 август како не се на своето работно место, односно биле седнати во кафеана.
Огромен скандал го тресе Град Скопје и ЈП Водовод и канализација и нивните челни лица Шилегов и Весковски, а институциите трет ден молчат, реагира денеска Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ кој најави дека партијата ќе го прекине овој молк со тоа што сите докази ќе ги достави до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.
– Јасно пишува на извештајот дека инвеститор е ЈП Водовод и канализација, а изведувач е КОДИНГ. На истиот документ јасно пишува од страна на надзорот, дека на 12 август изведувач е КОДИНГ и веќе на тој истиот датум е стигнато и изведено до точка 18 согласно планот за активности. Она што е уште поголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот посочува, потенцира и пишува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20 август водоводот завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализационата мрежа. Ова е прилично сериозен доказ, кој што верувам дека ќе се обидат да го објаснат и институциите, но и ЈП Водовод – рече Арсовски.
Уште еден доказ дека без тендер е работено на улицата Варшавска, рече Арсовски, е тоа што при реконструкцијата на водоводната мрежа е покренатата дисциплинска постапка против работници кои се фатени на 20 август како не се на своето работно место, односно биле седнати во кафеана.
– Истата дисциплинска постапка е реализирана и работникот кој што е фатен што не е на своето работно место, односно кај што се реконструира улицата Варшавска на 20 август, е казнет од страна на директорот на ЈП Водовод со 20% казна на плата еден месец. Ова е и можеби најголемиот апсурд во целиот овој случај каде што е казнет работник на ЈП Водовод од страна на директорот со 20% на плата еден месец, за работа односно на работно место каде што бил, каде што се реконструирала мрежа, а немало ниту избор на најповолен понудувач односно немало тендер – рече Арсовски.
– На крајот од оваа прес конференција, да се навратиме на суштината, односно на главната суштинска тема, а тоа е прекршување на Законот односно кривичното дело согласно член 353, каде што двоецот Шилегов – Весковски наместиле тендер за фирмата КБК Инженеринг и КОДИНГ. Бидејќи институциите спијат, ние целокупната документација која ја објавувавме на прес конференции овие денови, но и онаа која што не ни е објавена, а има прилично обемна документација, заедно со кривичната пријава која што веќе е подготвена од страна на правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поднесеме утре до јавното обвинителство во име на ВМРО-ДПМНЕ, односно до секторот за организиран криминал.