„СКАНДАЛОТ СО ПРИСЛУШКУВАЊЕТО Е ДРЖАВЕН УДАР“ Кој ја дал наредбата и со која цел, прашува Стојановски

Ваков сериозен скандал се граничи и со државен удар, бидејќи вие ако злоупотребите една ваква служба и ресурсите на државниот систем, за да правите опсервација на лидерот на опозицијата, бизнисмени, на новинари, без претходно да имате добиено дозвола согласно законите, вие правите и државен удар, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

1,137

Политичката ситуација во Македонија е стабилна, но аферата со прислушкувањето на политичари, бизнисмени и новинари е сериозен скандал кој опфаќа злоупотреба на државни ресурси за оперативно следење и претставува државен удар, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

– Се работи за тоа дека Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање во периодот од 5 години помеѓу 2019 и 2024 злоупотребувала државни ресурси за оперативно следење и оперативна обработка на лидерот на опозицијата, на бизнисмени, на новинари, на медиуми. Јавното обвинителство одбива да даде повеќе информации, ние не знаеме дали ќе биде оформен предмет. Ваков сериозен скандал се граничи и со државен удар, бидејќи вие ако злоупотребите една ваква служба и ресурсите на државниот систем, за да правите опсервација на лидерот на опозицијата, бизнисмени, на новинари, без претходно да имате добиено дозвола согласно законите од Обвинителството, вие правите и државен удар. Треба тие лица кои тоа го дозволиле и коишто тоа го знаеле да бидат повикани на одговорност и да се запрашаат – рече Стојаноски во гостување на телевизијата Њузмакс Балканс.






Со целиот овој скандал се отвораат повеќе прашања, за тоа како и зошто тие лица се избрани за прислушкување, каде завршувале информациите и која била целта на наредбодавачот.

– Тука се отвораат и многу посериозни прашања, прво кој ја дал наредбата овие лица да бидат обработени, второ како токму тие лица биле избрани, трето каде овие информации завршувале, во чии раце, зошто било тоа направено и на крај која е главната цел на тој што бил наредбодавач. Сметам дека ова е еден од многу сериозните скандали што се случувале во режија на разузнавачките служби во оваа држава – вели Стојаноски.

Поврзани содржини