СКАНДАЛОТ СО ПРЕЉУБАТА ГО СРУШИ ДИРЕКТОРОТ НА „АСТРОНОМЕР“ Си поднесе оставка, компанијата го обвини дека не бил пример за лидер
Компанијата „Астрономер“ соопшти дека Енди Бајрон поднел оставка од функцијата извршен директор, поради, како што се наведува, несоодветно однесување што не ги одразува вредностите и културата на фирмата. Одборот на директори ја прифатил оставката и го започнал процесот за избор на нов лидер. Во меѓувреме, коосновачот и директор за производи, Пит Деџој, ќе продолжи да ја извршува функцијата вршител на должноста извршен директор.
Енди Бајрон, извршниот директор на компанијата за „Астрономер“, поднесе оставка по виралниот скандал поврзан со директорката за човечки ресурси во истата компанија, Кристин Кабот.
Инцидентот, снимен од „кис кем“ камера на концерт на Колдплеј, предизвика силна јавна реакција и внатрешна истрага, што на крај доведе до заминување на Бајрон од функцијата.
Компанијата ја потврди оставката во официјално соопштение објавено во саботата. Во него се наведува:
„Како што веќе истакнавме, ‘Астрономер’ е посветен на вредностите и на културата што нѐ водат од самото основање. Нашите лидери треба да бидат пример за однесување и за одговорност, а во последниот случај тој стандард не беше испочитуван“.
Енди Бајрон ја поднесе својата оставка, која одборот на директори ја прифати. Одборот започнува процес на барање нов извршен директор, додека коосновачот и директор за производи, Пит Деџој, ќе продолжи да ја извршува функцијата вршител на должноста извршен директор.
Што се случи оваа недела?
Озлогласениот инцидент се случи на почетокот од неделата на концерт на групата Колдплеј во Фоксборо, Масачусетс, каде што Бајрон беше снимен како ја гушка Кабот одзади, додека двајцата беа фатени од стадионската „кис кем“ камера. Снимката бргу се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи шпекулации за романтична врска помеѓу двајцата колеги.
Дополнителни реакции следеа кога се дозна дека и двајцата се во брак – Бајрон со Меган Кериган, а Кабот со Ендру Кабот, извршен директор на „Приватир рам“.
Во веднаш по инцидентот, и Бајрон и Кабот беа ставени на административен одмор. „Астрономер“ објави дека спроведува внатрешна истрага и истакна дека останува посветена на транспарентността и на одговорността:
„Нашите лидери треба да бидат пример за однесување и отчетност. Одборот на директори започна официјална истрага за настанот и наскоро ќе излеземе со повеќе детали“.
И покрај високиот медиумски интерес и нарушениот углед, компанијата повтори дека останува посветена на иновации и на своите клиенти.
Во моментов е во тек транзицијата на раководството, додека компанијата бара нов постојан извршен директор.
📷 СКАНДАЛОТ СО КИС КАМЕРАТА НЕПРЕСУШНА ИНСПИРАЦИЈА Јака журка на социјалните мрежи