Скандали ја тресат Скијачката федерација, службената документација се шета со возило низ Скопје

Новото раководство најави кривична пријава до МВР за неовластено располагање со службената документација.

1,860

Додека се чека изјаснувањето на Централниот регистар во врска со одлуката на Второстепената Владина комисија која според неофицијални информации ги уважила аргументите на македонскиот олимпиец Дејан Пановски, кој сега треба да биде впишан како легитимно избран претседател на Скијачката федерација, денеска поранешниот технички секретар К.H. е забележан како во возило ја шета целата документација на оваа спортска федерација.

Правниот тим на Дејан Пановски смета дека се работи за огромен скандал, бидејќи станува збор за службената документација чие единствено место е во официјалната архива на Скијачката федерација.






Во легитимно избраниот раководен тим се сомневаат дека некој може да се обиде да ја уништи целата архива, со цел, како што велат, да се прикријат трагите за евентуалниот фалсификат, со кој мала група со политички притисок сакала да наметне нелегално направен избор за конечно решение. Новото раководство најави кривична пријава до МВР за неовластено располагање со службената документација.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини