СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ КУМАНОВО Ексдиректор незаконски вработил 68 лица, штетата врз буџетот е милионска

Полицијата сомничи дека во период од четири години биле исплатени над 21 милион денари без потребни согласности.

461

Поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово се соочува со кривична пријава под сомнение дека незаконски вработувал лица и исплатил стотици илјади евра од буџетот на установата.

Од СВР Куманово информираат дека е поднесена пријава против Ф.А. (43) од Куманово поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.






Според полицијата, во периодот од 2020 до 2024 година, додека бил најпрво вршител на должност директор, а потоа и директор на здравствениот дом, осомничениот склучувал договори на дело и ангажирал лица без потребните одобренија.

Како што се наведува, тој не обезбедил согласност од Министерство за здравство ниту потврда за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии.

Со ваквото постапување, според пријавата, биле ангажирани вкупно 68 лица со договор на дело, на кои им биле исплатени 21.744.788 денари (околу 353.573 евра), со што била нанесена штета на буџетот на здравствениот дом.

Надлежните најавуваат дека по целосното расчистување на случајот ќе следува понатамошна постапка.

Поврзани содржини