Скандал: Војвотката ја нападнала кралицата Елизабета и ја давела

1,622

Цела Велика Британија со неверување ги слушнала вестите дека војвотката ја нападнала кралицата Елизабета Втора.

Војвотката од Корнвол, Камила Паркер Боулс, неодамна се напила малку повеќе и решила конечно да се пресмета со свекрвата, кралицата Елизабета.






Како што навел изворот за таблоидот „Глоуб“, Камила прво ја полила кралицата со чаша вино, а потоа физички ја нападнала и ја стегнала за вратот.

Во моментот на физичката пресметка ѝ го скинала бисерниот ѓердан на кралицата. По овој скандал, кралицата Елизабета јасно му дала до знаење на својот син принцот Чарлс, дека Камила повеќе не е добредојдена во палатата.

Поводот за конфликтот наводно била неверојатната желба на војвотката од Корнвол да се најде на тронот.

Иако веќе подолго време се шпекулира за повлекувањето на кралицата од престолот, таа сѐ уште не ја потврдила официјално таа информација, меѓутоа, Камила веќе подолго време се подготвува за титулата кралица, па очигледно дека одолговлекувањето на Елизабета тешко ѝ паѓа.

Иако странските медиуми го пренесоа овој скандал, сепак кралското семејство сè уште не се огласило.

Поврзани содржини