СКАНДАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО КИСЕЛА ВОДА Наставник обвинет дека физички нападнал малолетен ученик
Татко на ученик од Скопје пријавил во полиција дека неговиот син бил нападнат од наставник во основно училиште, случајот се документира и ќе добие правна завршница.
39-годишниот А.К. од Скопје вчера пријавил дека два дена претходно, на 30 септември околу 16:10 часот, во основно училиште на подрачјето на општина Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Г.Ј.
Според информациите од полицијата, случајот е пријавен како физички напад и е во постапка на документирање. По завршување на целосната истрага, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.
„Случајот е пријавен и евидентиран. Се работи на негово целосно документирање, по што ќе следува соодветен поднесок“, информираат од Министерството за внатрешни работи.