СКАНДАЛ ВО СУДОТ ВО КУМАНОВО Потврда од казнена евиденција издадена без согласност на лицето

Жена од Куманово незаконски побарала потврда од казнена евиденција за друго лице, а судска службеничка ја процесирала без проверка на идентитетот. Полицијата поднесе кривични пријави за злоупотреба на лични податоци и за несовесно работење во службата.

285

Пропуст во системот излезе на површина во Основниот суд во Куманово. Полицијата поднесе кривична пријава против две лица поради злоупотреба на лични податоци и несовесно работење во службата.

Според објавата во полицискиот билтен на МВР, првата пријавена е 51-годишна жена од Куманово. Таа поднела барање до судот за издавање потврда од казнена евиденција за друго лице. Барањето било поднесено без согласност, без потпис и без полномошно од лицето.






Во случајот е вмешана и втора осомничена. Станува збор за 66-годишна службеничка во приемната писарница на судот.

Таа го примила барањето и дозволила негово заведување и процесуирање. Притоа не побарала документ за идентификација и не ја проверила законитоста на поднесокот.

По издавањето на документот, првопријавената ја подигнала потврдата. Потоа ја употребила против лицето на чие име била издадена.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за две кривични дела. Станува збор за „злоупотреба на лични податоци“ и за „несовесно работење во службата“.

Случајот отвора сериозни прашања за контролите во издавањето на чувствителни судски документи.

Поврзани содржини