СКАНДАЛ ВО СУДНИЦА ВО ДЕБАР Кичевчанец нападнал адвокат среде рочиште

Кичевчанец физички нападнал адвокат од Гостивар за време на судење во Основниот суд во Дебар – против него е поднесена кривична пријава за насилство.

312

Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Кичево поради напад врз адвокат во судница во Дебар.

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид, кривична пријава е поднесена против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.






Тој, на 9 овој месец во 10:38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.

Поврзани содржини