📷 СКАНДАЛ ВО СТРУМИЦА Ноќна школа за партиски активизам, СДСМ користи училиште за одржување состаноци

Информацијата ја сподели ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму објавија и фотографии како доказ дека партиски активисти на СДСМ користат општинско училиште за состанување.

1,136

Партиските простории очигледно не се доволни за владејачката СДСМ во Струмица, па партијата си ги отвора училиштата во доцни часови за состаноци.

Информацијата ја сподели ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму објавија и фотографии како доказ дека партиски активисти на СДСМ користат општинско училиште за состанување.






„Во Струмица, каде што градоначалник е Костадин Костадинов, од редовите на СДСМ и близок човек на Зоран Заев, ја искористува општината за партиски цели. Во општинско училиште во Струмица, партиските структури на СДСМ си одржуваат состаноци. На фотографии кои се веќе во јавноста, јасно се гледа дека училиштето е специјално отворено во доцните часови, за активисти на СДСМ да имаат состанок, се наведува во нивното соопштение“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште еден доказ за лошото владеење на СДСМ, посочуваат од партијата на Христијан Мицкоски.

„Ниту сакаат, ниту имаат желба за промена. Ова е вистинското лице на СДСМ кое за жал ја упропасти државата во минатото. СДСМ ја сака власта исклучиво за партиски цели“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Поврзани содржини