СКАНДАЛ ВО ШПАНИЈА Надал ја изневерувал сегашната сопруга со Шакира?
Пејачката и еден од најдобрите тенисери на денешницата ја започнале својата наводна тајна врска уште во 2009 година. Тоа било во времето кога Надал бил главна ѕвезда во спотот на Шакира, „Gypsy“.
Шпанските медиуми тврдат дека колумбиската пејачка Шакира (45) го изневерила својот поранешен партнер, пејачот Алехандро Санза (53) со тенисерот Рафаел Надал (36).
Како што објави шпанскиот новинар Жорди Мартин, пејачката и еден од најдобрите тенисери на денешницата ја започнале својата наводна тајна врска уште во 2009 година. Тоа било во времето кога Надал бил главна ѕвезда во спотот на Шакира, „Gypsy“.
Мартин наведува дека Шакира имала афера со Надал, кој веќе бил во врска со неговата сегашна сопруга Марија Циска Перело.
Една година по заедничкото видео со Надал, таа го сними спотот за песната „Waka, Waka“ во која глуми Жерар Пике (35), со кој подоцна помина 12 години и доби две деца.
Да потсетиме, Пике и Шакира раскинаа во јуни по 12 години врска. Пејачката го фатила фудбалерот во кревет со друга жена.
По паузата, тој беше виден со 12 години помладата Клара Чиа Марти, атрактивна русокоса која студира односи со јавноста.
Странските медиуми тврдат дека Клара работи за филмската и ТВ-продукциската куќа на Пике „Космос“, надгледувајќи специјални настани. Иако го заклучи својот профил на Инстаграм, набрзо се појавија голем број нејзини фан страни. Еден од профилите на кој пишува дека Марти го овластила, го следат дури 28.000 луѓе.
ФОТО: Јутјуб