СКАНДАЛ ВО САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ АЕК го саботира мечот во Скопје поради притисок од своите навивачи

Според неофицијални информации, играчите и раководството на АЕК се под притисок од своите навивачи, кои барале натпреварот да не се одигра, во знак на протест поради ограничениот број билети што им биле доделени за реваншот во Скопје.

1,603

Во пресрет на вториот финален натпревар од Европскиот куп, на кој македонскиот ракометен клуб Алкалоид требаше да го пречека грчкиот АЕК, се случува вистински скандал — гостинскиот тим од Атина одбива да излезе на теренот во салата „Борис Трајковски“.

Според неофицијални информации, играчите и раководството на АЕК се под притисок од своите навивачи, кои барале натпреварот да не се одигра, во знак на протест поради ограничениот број билети што им биле доделени за реваншот во Скопје.






Во салата е најавено присуство на околу 200 грчки навивачи, но според извештаите, тие сè уште не се сместени на трибините, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу почетокот на натпреварот.

Алкалоид го доби првиот меч во Атина со резултат 29:25, што му дава предност пред реваншот, но евентуалниот непојавување на АЕК на паркетот може да доведе до најголем преседан во историјата на европскиот ракомет.

Поврзани содржини