СКАНДАЛ ВО РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА Уапсен висок генерал осомничен за примање голем поткуп

Истражниот комитет на Русија соопшти дека е отворен случај против Јуриј Кузњецов, кој бил задолжен за кадровски прашања во Министерството за одбрана.

1,900

Голем корупциски скандал го тресе руското Министерство за одбрана, во екот на новата руска офанзива во Украина. Кремљ соопшти дека е покрената кривична постапка против висок генерал во руското Министерство за одбрана. Во соопштението за печатот од Истражниот комитет на Русија се наведува дека е отворен случај против Јуриј Кузњецов, кој бил задолжен за кадровски прашања во министерството.






Комисијата соопшти дека тој е осомничен за „примање поткуп од особено големи размери“.

Според истрагата, Кузњецов во 2021-2023 г. примал поткуп од претставници на комерцијални објекти за извршување на одредени дејствија во нивна корист. Најмалку 5 лица се уапсени во се поширокиот скандал со поткуп, чиј центар е Министерството за одбрана.

Поврзани содржини