СКАНДАЛ ВО КОЧАНИ Венко Крстевски со трубачи и со лумперајка го прослави влегувањето во вториот круг

Крстевски, за кого велат дека е тајно поддржан од СДСМ, ги шокираше сограѓаните - тие тагуваат, а тој лумпува и им лепи пари на трубачите, радосен што добил шанса да се натпреварува со Влатко Грозданов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

624

Мајката на загинатиот Андреј Стојанов, еден од 63 настрадани во катастрофалниот пожар во Кочани, вечерва низ солзи испрати порака до Венко Крстевски, независен кандидат за градоначалник, кој во неделата со трубачи на кочанските улици славеше што оди во вториот круг на локалните избори.

За снимката што беше споделувана на социјалните мрежи, а на која се гледа како кандидатот Крстевски прославува со трубачи и им лепи пари, Стојанова рече:






– Животот за секого продолжува, но зарем со трубачи и лепење пари мораше да слави? Себичноста и злобата ги видовме. Нашите деца ништо нема да ги врати,  иако сакам да верувам дека е некаде отиден и ќе ни се врати.

За семејствата на загинатите времето не лекува ништо и  болката за нашиот Андреј не минува, додаде мајката во емисијата „Претрес со Ландов“.

 

Поврзани содржини