СКАНДАЛ ВО ИТАЛИЈА Келнер-расист послужил црни гости, па му се извинил на Мусолини
Интервенирала и полицијата, а по повод овој случај се огласила и градоначалничката на Римини, Глорија Риси, која рекла дека искрено се надева дека станува збор за недоразбирање.
Во позната пицерија во Римини, Италија, келнерот откако ја примил нарачката од два брачни пара со деца со потекло од Нигерија, се завртел кон ѕидот каде што стоела фотографијата од Бенито Мусолини и со фашистички поздрав рекол: „Прости ми, Бенито“.
Во пицеријата веднаш настанала расправија, а некој од присутните гости направил и видео снимка која била објавена на Фејсбук, а подоцна и во националниот печат.
– Неверојатно е вака да ве навредуваат во ресторан. Црни сме, па што, не сме заразени со чума. Римини е туристичко место каде доаѓаат луѓе од целиот свет, шокантно е дека во 21 век сè уште има некој што така расистички ги дочекува своите гости – рекла гостинката Аџисан Мбенге за весникот „Rimini Today”.
Интервенирала и полицијата, а по повод овој случај се огласила и градоначалничката на Римини, Глорија Риси, која рекла дека искрено се надева дека станува збор за недоразбирање.
Градоначалничката од полицијата ги побарала сите факти и рекла дека доколку расистичкиот испад на келнерот се покаже како точен – и властите ќе поднесат тужба.
Вработените во пицеријата истакнале дека во ресторанот нема фотографии од Бенито Муслини, но дека се продаваат шишиња вино, како сувенири, на кои има фотографии од Мусолини.
Дури и ова би можело да биде повод за казна, бидејќи според италијанскиот закон, забрането е сè што го фали фашизмот.
Razzismo in pizzeria a Rimini, la denuncia di una famiglia nigeriana: «Cameriere ha chiesto scusa a Mussolini per averci serviti» https://t.co/VGzZGc40IJ
— Il Messaggero (@ilmessaggeroit) August 20, 2020