Скандал ја тресе Хрватска, откако емисијата на хрватската Нова ТВ „Провјерено“ објави шокантно признание на поранешни пациенти на истакнат психијатар од Вараждин, кој и покрај извештаите на комората, сè уште има работна дозвола, пишува Дневник.хр
Поралот пишува дека откако ќе ја добиел довербата на пациентките, тој ги почнувал следните терапевтски методи во заклучената просторија – барал да се соблечат, да ги допира по телото или барал тие да го допираат. Постојано им зборувал за Фројд и ја објаснувал важноста на сексуалниот однос за заздравување.
„Тие дошле кај него за помош, а тој сексуално ги напаѓал – вака поранешните пациентки, од кои една во тоа време била малолетна, ја опишале траумата што ја доживеале за време на терапијата со истакнат психијатар од Вараждин. Тој, и покрај пријавите од Комората, сепак има работна дозвола“, пишува порталот.
Една од неговите поранешни пациенти тврди дека таа доаѓала на преглед на секои два месеци, а по една година, психијатарот почнал да и кажува секакви вулгарности.
„Ова е девојка која дошла кај него поради длабока, силна вознемиреност … Тој објаснил дека таа има зголемена лактација од градите и почнал да ги допира нејзините гради секој пат кога таа доаѓала и тоа траело околу пет-шест месеци, а на крајот тој и предложил сексуален однос, ја допорал по вагината “, рече Небојша Бужановац, психотерапевт и социјален педагог од кого девојчето побарало помош.