Скандал во Германија: Фудбалер загуби контрола и почна да дави навивач (ВИДЕО)
Фудбалерот на Хамбург тврди дека навивачите му го навредувале семејството и дека поради тоа изгубил контрола.
По убедливиот пораз од својот поранешен клуб Динамо од Дрезден и по провокација од трибините, фудбалерот на Хамбург, Тони Лајстнер, одлучи физички да се пресмета со еден навивач на домашниот тим.
Тој експресно го прекина интервјуто што го даваше на трибините и му скокна на еден навивач на Динамо.
Фудбалерот на Хамбург тврди дека навивачите му го навредувале семејството и дека поради тоа изгубил контрола.
„Се извинувам поради своето непримерно однесување и можам само да ветам дека ова никогаш повеќе нема да се повтори, без оглед какви навреди ќе ми бидат упатени во иднина“, напишал Лајстнер на Инстаграм.
„Ме навредуваа по натпреварот од трибините во мојот роден град. Тоа обично можам да го поднесам. Но, ова беа најлошите навреди кои се однесуваа на моето семејство, сопруга и ќерка. Едноставно експлодирав“, рекол фудбалерот кој сигурно го чека казна по инцидентот.
Ugly scenes in the DFB-Pokal as Hamburg defender Toni Leistner angrily confronts a fan in the stands 😮 pic.twitter.com/nFJvNOME0x
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) September 14, 2020