СКАНДАЛ ВО ЧАШКА Ексградоначалник и вработена договориле накнадна работа за 800 евра

М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, прифатила дополнителен ангажман, за што ѝ биле исплатени 50.109 денари. Средствата, според полицијата, се исплатени на штета на буџетот на општина Чашка.

136

Поранешниот градоначалник на Чашка, 47-годишниот Г.С., свесно ја ангажирал раководителката да извршува работни задачи подолго од утврденото работно време, иако имала решение за скратено работно време поради здравствени причини, се вели во полицискиот билтен.

Со тоа, според соопштението, биле прекршени одредбите од Законот за работни односи кои забрануваат прекувремена работа за лица со скратено работно време.






М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, прифатила дополнителен ангажман, за што ѝ биле исплатени 50.109 денари. Средствата, според полицијата, се исплатени на штета на буџетот на општина Чашка.

Во пријавата се наведува дека со овие постапки двајцата сториле злоупотреба на службената положба и овластување, дело предвидено и казниво според член 353 од Кривичниот законик.

 

 

Поврзани содржини