СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД Марија Шерифовиќ бесно удира по автомобилот (ВИДЕО)

Пред неколку денови, во центарот на Белград, Марија изнервирано пцуела и со тупаница удрила по автомобилот.

2,976

Српската пејачка Марија Шерифовиќ сериозно ја изнервирала една вест која ја добила дека не можела да ја скрие нервозата ниту на јавно место.

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како Марија Шерифовиќ вреска на улица во Белград, пред автомобил запрен на сред пат.






Потоа извикувајќи сочни пцовки, Марија се приближува до својот автомобил и го удира со тупаница. До неа има жена која се обидува да ја смири.

„Одговори ми“, се слуша кога Марија влегла во автомобилот.

 


Твитерџиите веднаш почнале да шпекулираат зошто Марија вака се однесувала во јавност, а се` објаснила и пејачката.

Иако на социјалните мрежи се шират разни теории на заговор, за што всушност, станува збор, Марија за „Блиц“ ја опиша ваквата ситуација.

– Иако никого не треба да засега, добив некои приватни лоши информации. Единствено на кого треба да му се извинам е мојот автомобил и доколку разбудив некого – изјавила Марија ексклузивно за „Блиц“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини