Скандал во битолската гинекологија: Си ја донел сопругата да породи жена со царски рез?!
Еден од суспендираните лекари гинеколози е Гоце Чакаровски, поранешен заменик-министер за здравство и национален координатор за здравство во владата на Зоран Заев.
Суспендирани се двајца гинеколози, откако еден од нив си ја повикал сопругата која е невработен гинеколог, странски државјанин, да учествува во породување со царски рез, пишува порталот „Независен“ повикувајќи се на извори од одделението за Гинекологија.
Скандалот се случил во почетокот на јануари, кога помладиот од гинеколозите ја внел сопругата во родилната сала. Двајцата вработени гинеколози биле во салата, но наводно работата ѝ ја препуштиле на сопругата на помладиот гинеколог. По ова еден од вработените во Гинекологија се јавил во полиција и го пријавил случајот.
Според извори на порталот, операцијата на родилката била успешна, па наводно тоа било причината што семејството не реагирало.
Директорката на Битолската болница, д-р Билјана Гагачовска, го потврдила случајот.
Еден од суспендираните лекари гинеколози е Гоце Чакаровски, поранешен заменик-министер за здравство и национален координатор за здравство во владата на Зоран Заев.
По овој скандал, Управата на болницата донела писмена наредба во која им забранува на лекарите гинеколози кога не се на смена да доаѓаат на работа, да прегледуваат и да оперираат пациенти, како и дека во операциската сала можат да влегуваат само гинеколози и вработени кога се на смена.
Денеска СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и „Фалсификување службена исправа“, Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, А.В (33) од Белград, Р.Србијa, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Надрилекарство“ и кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница- Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 01.01.2020 без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка. По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година.