СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА Трамп ја истерал фон дер Лајен од состанокот за Украина

Образложението за ваквиот потег, според гермаснки медиумски канал, било дека трамп сака да зорува само со државни лидери, а шефицата на ЕУ не е државен лидер.

5,178

Германскиот десничарски канал n-tv објави дека на 18 август, за време на состанокот со европските лидери во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп ја замолил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја напушти просторијата, наводно со образложение дека сака „зрел разговор со важни луѓе“ односно дека „сака да зборува само со државни лидери“.

Според информацијата  Трамп во таа прилика рекол дека шефот на Европската комисија не е државен лидер, туку претставник на институцијата и дека таа не припаѓа на кругот на учесници на состанокот на највисоко политичко ниво.






Европската комисија брзо реагираше на овие тврдења, остро негирајќи ги наводите на медиумите. Заменик-портпаролката на ЕК, Аријана Подеста, изјави за мрежата X дека информациите се неточни и дека фон дер Лајен учествувала во сите дискусии рамноправно со другите европски лидери.

-Видовме извештаи во кои се тврди дека претседателката фон дер Лајен ја напуштила просторијата за време на состанокот со претседателот на Соединетите Американски Држави и претседателот на Украина. Тие извештаи се целосно лажни – рече Подеста.

На состанокот покрај фон дер Лајен присуствуваа и претседателот на украина Володимир Зеленски, премеиерот на Велика Британија Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон, канцеларот на Германија Фидрих Мерц, премиерката на Италија Џорџа Мелони, претседателот на Финска Александар Стуб и првиот ловек на НАТО Марк Руте.

Поврзани содржини