СКАНДАЛ ВО АНГЛИСКАТА ПРЕМИЕРЛИГА Полицијата упадна на стадионот за да ги уапси двајцата фудбалери

Сега работата е во рацете на полицијата, нашиот фудбалски клуб нема да дава никакви изјави во оваа фаза од истрагата“, изјави за Сан извор од клубот.

1,201

Англиските медиуми јавуваат дека двајца фудбалери од Премиерлигата се уапсени под обвинение дека сториле кривично дело силување. Според информациите, двајцата фудбалери имаат 19 години, играат за ист клуб и полицијата упаднала на стадионот на тој тим за да ги уапси и испрашува.

Сан пренесува дека еден од фудбалерите е осомничен за напад и помагање во силувањето, но и дека разговарал со полицијата и пред официјално да биде уапсен. Вториот фудбалер најпрвин бил уапсен, а подоцна и сослушан. Двајцата фудбалери сега се ослободени бидејќи за нив е платена кауција.






„Сега работата е во рацете на полицијата, нашиот фудбалски клуб нема да дава никакви изјави во оваа фаза од истрагата“, изјави за Сан извор од клубот.

Во последно време зачестија случаите на силување меѓу фудбалерите, а неодамна беше осуден и Робињо. Дани Алвеш, како и Мејсон Гринвуд исто така беа обвинети за силување.

Поврзани содржини