СКАНДАЛ СО ПОРАНЕШНИОТ ЕСТОНСКИ ПРЕМИЕР ВО ФИНСКА Бил пијан и се карал со стјуардеси, полицијата го исфрли од авион

Тави Ривас бил дел од деловна делегација што го придружуваше актуелниот министер за надворешни работи Маргус Чакна за време на неговата посета на Јапонија, но беше принуден да го напушти летот за Јапонија.

730

Финската полиција вчера предизвика вистински скандал на аеродромот во Хелсинки исфрлајќи го од авионот поранешниот естонски премиер Тави Ривас. Причина за ваквата одлука наводно било пијанството на поранешниот премиер.

Ривас бил дел од деловна делегација што го придружуваше актуелниот министер за надворешни работи Маргус Чакна за време на неговата посета на Јапонија, но беше принуден да го напушти летот за Јапонија.






Според очевидци, Ривас пред да се качи во авионот се скарал со стјуардесите, а полицијата морала да интервенира и да го извади од авионот. Тој бил бил видно пијан.

Ривас тие тврдења ги нарекол клевета. Тој изјавил дека се скарал со стјуардесите за користење на лаптоп и поднел официјална жалба до Финер барајќи отштета.

Министерството за надворешни работи на Естонија го потврди инцидентот.

Поврзани содржини