📷 СКАНДАЛ: ПОРАДИ ПРОДАДЕНИ САМО 17 БИЛЕТИ, ГО ОТКАЖАА КОНЦЕРТОТ НА САША КОВАЧЕВИЌ ВО БОСНА Се огласија организаторите на клубот каде што требаше да настапи пејачот

Менаџерот на пејачот Саша Ковачевиќ завчера објави на својот инстаграм-профил дека морале да го откажат концертот во Орашје, Босна и Херцеговина поради непочитување на договорните обврски од страна на организаторите.

3,801
Фото: Приватна архива

Ковачевиќ објави дека одлучил да го откаже својот настап во клуб поради обид за измама, односно дека организаторите не го почитувале договорот и затоа одлучил да не настапува.






„Драги мои, за жал, поради непочитување на договорните обврски од страна на организаторите, се откажува вечервашниот настап во Орашје. Иако, бендот на Саша беше подготвен за звучната проба и чекавме до последен момент организаторите да го почитуваат договорот, за жал, бевме принудени да се вратиме во Белград. Се надеваме дека наскоро ќе се сретнеме со нашата прекрасна публика! Ви благодариме за разбирањето“, напиша пејачот на Инстаграм.

Меѓутоа, организацијата сега ја изнесе својата страна од приказната.

„Поради мошне мал и недоволен интерес и само 17 продадени билети однапред, моравме да го откажеме концертот на Саша Ковачевиќ, кој требаше да се одржи на изнајмениот базен. За сите 17 купени билети ќе парите ќе бидат вратени! Ви благодариме за разбирањето“.

 

 

Поврзани содржини