📽️ СКАНДАЛ НА ТУРНЕЈАТА НА ШАКИРА Публиката гласно скандираше против Пике, му упати навреди, а нејзината реакција е главна тема

Музичката ѕвезда Шакира се врати на сцената со стил, зрачи со енергија и испрати моќна порака додека ја започна својата долгоочекувана светска турнеја„ Las Mujeres Ya No Lloran“ на стадионот Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро.

886

Музичката ѕвезда Шакира се врати на сцената со стил, зрачи со енергија и испрати моќна порака додека ја започна својата долгоочекувана светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ на стадионот Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро, Бразил.

Пејачката ја плени публиката со емотивен настап исполнет со носталгија и музички сјај, комбинирајќи ги своите најголеми хитови со песните од својот последен албум. Меѓутоа, таа не ја пропушти ниту приликата да го „пецне“ поранешниот партнер Пике кој ја изневери.






Во текот на концертот се случи и вирален момент кога обожавателите почнаа да скандираат навреди на сметка на нејзиниот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике. Навредите не престанувале, а за скандалозното однесување на публиката зборува целиот свет.

Шакира на тоа одговорила со насмевка и со гест да го интензивираат скандирањето (таа значајно се насмевнала, а потоа со рацете гестикулирала „повеќе, уште“), дополнително кревајќи ја енергијата на публиката.

 

@thalita.gabriela.bsb Estádio não perdoou nem felicitou o querido Pique kkkk! No primeiro show da turnê já tá assim! Kkkk #shakita #lasmujeresyanolloran #riodejaneiro ♬ som original – Thalita Gabriela 🦊

Концертот бил проткаен со симболика. Во текот на песната „Akróstico“ на големото платно биле прикажани емотивни фотографии од нејзините синови, Милан и Саша, кои длабоко ја трогнале публиката.

За големото финале, таа ја извела песната „Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol. 53“, нумерата која ја врати на врвот на светските топ листи, предизвикувајќи громогласен аплауз.

„Музиката лекува. Да сакаш некој друг е прекрасно, но да се сакаш себеси е уште поубаво“, рекла Шакира на крајот.

Поврзани содржини