СКАНДАЛ НА СОСТАНОК НА РУСИЈА И АМЕРИКА ВО ЖЕНЕВА Шефовите на делегации не се ракуваа! (ВИДЕО)
Според видеото објавено пред почетокот на средбата, се гледа како претставниците на Москва и Вашингтон влегуваат во салата и седнуваат едни спроти други.
Руско-американските преговори за безбедносните гаранции, кои се водат во Женева, влегуваат во втор час. Разговорите се одвиваат зад затворени врати.
Според видеото објавено пред почетокот на средбата, се гледа како претставниците на Москва и Вашингтон влегуваат во салата и седнуваат едни спроти други. Потоа, шефовите на делегациите – рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман се приближуваат до знамињата за протоколарна фотографија.
Дипломатите за време на фотографирањето држеа социјална дистанца, не се ни ракуваа.
Претходно Рјабков рече дека очекува американската страна на средбата да слушне јасен став за руските предлози и објаснување за логиката на нејзините пристапи. Во исто време, тој изрази сериозни сомневања за подготвеноста на САД за таков дијалог.