СКАНДАЛ НА ПОГРЕБОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ Нејзиниот син барал Цеца, Саша Матиќ и Калиниќ да не приоѓаат
Марина oтиде во вечноста со венец кој го пратил Здравко Чолиќ, човекот на кој му напиша толку текстови за песни. „Последен поздрава, драга Марина“, пишувало на венецот. Таа му ги пишуваше текстовите на нашиот Тоше Проески, но и на Индира Радиќ, Светлана Ражнатовиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас, Ана Николиќ...
Скандал, солзи и несогласувања имало на погребот на легендарната Марина Туцаковиќ која утринава беше погребана на Новите гробишта во Белград, а куп пејачи од српската естрада ѝ оддадоа почит. По самата церемонија синот на Марина, Лаша, побарал од Цеца која видно била во плач, Саша Матиќ и Милан Калиниќ да не приоѓаат до гробот за да се опростат со неа, пишува Блиц.
– Не треба да се приближувате до гробот, другите можат – им рекол Милан Лаша Радуловиќ на Цеца, Саша и Милан кога заврши погребот, што многумина ги остави во шок.
Мистеријата ќе се разоткрие по 40 дена помен
Прашината во медиумите беше дигната, а неколку часа по погребот Лаша конечно се јави за да изјави дека ќе почека 40 дена за да ја каже причината зошто наводно им забранил на некои славни личности да присуствуваат на погребот на неговата мајка.
– Ветив дека нема да се рекламирам некое време откако ја погребавме. Денес имаше погреб и јас сум во жалост следните 40 дена и нема да давам изјави. Ќе зборувам дури откако ќе помине тагата – рече Лаша за Курир, а на прашањето за скандалот на погребот, тој беше краток:
– Ви кажав и напишав на Инстаграм, дури и не сакам да го коментирам тоа додека не помине тагата, а после тоа можеме да разговараме – беше краток пред да ја прекине слушалката.
Пејачот Саша Матиќ бил шокиран од однесувањето на синот на Марина.
– Фута ме покани да влезам во капелата, за остатокот не сакам да коментирам. Уште сум во шок, изгубив блиска пријателка и долгогодишна соработничка – изјавил тој за српски Курир.
Во јавноста уште не излезе реакцијата на Цеца, но Блиц пишува дека била „неутешна“.
Марина не заздравила од шокот дека помладиот син ѝ умрел на 24 години
Марина Туцаковиќ беше погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта во Белград. Тоа била нејзина желба иако било планирано да ја погребаат во Алејата на заслужните граѓани. Taa почина пред десет дена на 67-годишна возраст откако ѝ беше дијагностициран малиген тумор на дојката. А, една мала икона на гробот на синот дава силна порака.
Тоа е икона на Богородица со дете, што ја покажува најважната вредност на христијанството – љубовта на мајката кон детето. Милош ненадејно почина на 24 години во 2008 година. Неговото безживотно тело го пронајде неговата тогашна девојка во домот на семејството Радуловиќ. Марина никогаш не заздрави целосно од таа траума.

„Последен поздрав, драга Марина“
Марина oтиде во вечноста со венец кој го пратил Здравко Чолиќ, човекот на кој му напиша толку текстови за песни. „Последен поздрава, драга Марина“, пишувало на венецот. Таа му ги пишуваше текстовите на нашиот Тоше Проески, но и на Индира Радиќ, Светлана Ражнатовиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас, Ана Николиќ…
Со еден збор, Марина ги прослави најголеми имиња на екс-југословенската естрада. Таа беше член на жири во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Ѕвездите на Пинк“. Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти.
По смртта на синот и во борбата со болеста поддршка ѝ беше сопругот Александар Фута Радуловиќ. Таа дозна дека е болна на почетокот на 2018 година, наскоро беше оперирана, а нејзините колеги и пријатели ѝ испратија бројни пораки за поддршка.