СКАНДАЛ НА ПОГРЕБОТ НА МАРАДОНА Тројца вработени во погребалното го отвориле ковчегот и се фотографирале со починатиот

Фотографиите брзо ги преплавија социјалните мрежи, а како што пишуваат аргентинските медиуми, се очекува лицата да бидат строго казнети.

1,830

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона, денеска беше погребан на гробиштата во Буенос Аирес.

Но, ниту погребот на аргентинската фудбалска легенда не помина без скандал, односно без два скандали.






Имено, фановите на Марадона најпрво се степале со полицијата која го чувала ковчегот и неколкумина од нив биле преведени. Сепак, тоа не било сè. На гробиштата се случил уште еден морбиден скандал кога тројца вработени во погребалното друштво по прошталната церемонија го отвориле ковчегот на Марадона и се фотографирале со упокоениот.

Фотографиите брзо ги преплавија социјалните мрежи, а како што пишуваат аргентинските медиуми, се очекува лицата да бидат строго казнети.

Поврзани содржини