СКАНДАЛ! МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА ЈА НАПАДНА ПОЛИЦИЈАТА Ми ја уништивте куќата, ископавте сè, револтирано обвинува Светлана
Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокатот, изјавила Светлана.
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан и покојниот Далибор Драгијевиќ, осомничени дека заедно со нивниот татко Раде учествувале во убиството на малата Данка, односно во криењето на нејзиното тело, се пожалила на новинарката на Информер дека полицијата и ја уништила куќата и го ископала дворот за време на претресот.
– Денеска бев на гробишта, подготвив сѐ за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив сандак и цвеќиња и сѐ што е потребно… Во хаос сум, пак ќе дојде брза помош – се пожалила таа на репортерката на Информер, Весна Јовиќ.
Светлана конкретно се пожалила на полицијата, тврдејќи дека ѝ ја „уништиле куќата“.
– Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокатот – изјавила Светлана.
Инаку, таа немаше што да додаде за семејството на убиената Данка Илиќ, освен дека нема врска со тоа, а тоа семејство не го познавала од порано.
– Не ги познавам и немам ништо со тоа, полицијата беше таму, инспекторите разговараа со мене и земаа сѐ што им требаше – изјави Светлана.
На крајот додала дека сѐ уште не верува дека нејзиниот сопруг и децата учествувале во злосторството.
– Не знам ништо за сопругот, кој е во притвор, но сигурно му е тешко што му почина синот. Не знам ништо за убиството на Данка, не е можно во тоа да се вмешани моите синови – се правдала Светлана.