СКАНДАЛ Хибридниот режим не трпи хумор и го малтретира авторот на vaksajns.mk

7,124

Полицијата го поканила Адил Бакиу на информативен разговор во полициската станица Карпош во врска со доменот vaksajns.mk.

„Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на Министерството за здравство, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица, чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите две години”, напиша тој на Фејсбук.






Потегот на полицијата наидува на осуди на Фејсбук. Познатиот инфлуенсер Божидар Божиновски пишува:

„Поддршка за Адил! Човекот кој го креира vaksajns.mk што само пренесува до вистинскиот сајт за вакцинации. Не е лажен сајт, не води до лажен сајт! Не знам ни дали има дело тука, но едно е јасно – кога власта почнува да се плаши од хуморот на нивна сметка тогаш станува опасна”.

Лекарот Ненад Лазаров реагираше остро:

„Како не ви е срам бе неспособни едни, да го оставите на мира човекот! Вака ли ќе замолчуваме народ, ќе го јадете! Инаку, ова е човекот што направи редирект, од www.vaksajns.mk (за неписмени), да ги води на правиот сајт!”

Поврзани содржини