Судијката на Судот за прекршоци во Будва, оддел во Котор, Ивана Вукасовиќ, одлучувајќи по барање на полициската управа, казни три украински државјанки парично со по 450 евра заради кршење на Законот за јавен ред и мир, пренесува „Јутарњи.хр“.
Ова за „Вијести“ неофицијално беше потврдено во Прекршочниот суд во Будва. Имено, Украинките Д.О. (19), В.Р. (21) и Р.К. (21), полицијата во Котор го привела вчера околу 15 часот, откако се соблекле голи и се фотографирале на јавно место.
Како што пишува во пресудата, за која „Вијести“ имале увид, тие „се соблекле голи и позирале на асфалтниот пат, правејќи снимки и фотографии во траење 10 минути“. На видеото се гледа и и противпожарно возило. Нејасно е што се случувало таму, но може да се види дека разузданите девојки го зеле противпожарното црево и со него полевале на врелиот асфалт.
ФОТО: Твитер