СКАНДАЛ ДО СКАНДАЛ И СО НЕИСПЕЧАТЕНИТЕ УЧЕБНИЦИ Од кога Тигар и Еуфрат се во Африка?

Навистина не е јасно што се случува со нашите „учебникари“, ама ова веќе е претерано.

1,694

Немаме среќа со учебниците. Ни со испечатените, ниту со тие што не се испечатени и се делат во елктронска (пдф) верзија.

Инфлуенсерот Богдан Илиевски открива нова грешка во учебник, во кој се тврди дека реките Нил, Тигар и Еуфрат се – во Африка?!






Илиевски на Фејсбук објавил „мала помош за Бирото за развој на образованието во врска со пдф-материјалите објавени на нивниот сајт од кој треба да учат децата, бидејќи учебниците, за среќа, СРЕЌА не им се испечатени“.

Помошта е мапа од која се гледа дека Тигар и Еуфрат, сепак, не се во Африка, туку во Азија. Тоа е нешто што би требало да го знае секој човек со завршено основно образование.

Навистина не е јасно што се случува со нашите „учебникари“, ама ова веќе е претерано.

Поврзани содржини