СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ БОСНА Градоначалник направил бизарни фотки како голта апчиња поради невозвратена љубов ФОТО

Првиот човек на градот Приједор, Далибор Павловиќ предизвика сериозен скандал, поради што српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, побара оставка.

2,233

Скандал без преседан ја потресе Босна и Херцеговина (БиХ) откако во јавноста протекоа снимки од градоначалникот на Приједор Далибор Павловиќ како проголта грст таблети, потоа повраќа во тоалетот и на крајот паѓа на плочките.

Бизарните фотографии, како што пишуаат тамошните медиуми, биле направени од самиот Павловиќ, но биле објавени во јавноста од новинарот Слободан Васковиќ, што ги разбранува БиХ и регионот.






Речиси веднаш, реагираше српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, кој побара оставка од Павловиќ, нагласувајќи дека таквото однесување на висок функционер е крајно несоодветно и срамно.

Покрај тоа, денеска се одржа седница на Градскиот одбор на Приедор, на која градоначалникот не учествуваше, па наскоро пристигна неговата оставка, но во писмена форма.

Како носител на јавна функција и прв човек на градот Приједор, имам одговорност да ги информирам моите сограѓани, но и пошироката јавност за работата што ја работам, како и за мојот приватен живот, доколку тоа влијае за доброто на заедницата на која ѝ служам. Бидејќи пишувањето и јавното прогонување на мене како личност разни  навреди, омаловажувања, кои се појавија во некои медиуми во последниве денови, може да го разниша односот на доверба што ја градам со граѓаните на Приедор откако ја преземав функцијата. Ве известувам, јавноста да го прифати предлогот на претседателот на СНСД, Милорад Додик – истакнал Павловиќ, повикувајќи се на фотографиите кои наводно биле предизвикани од невозвратена љубов.

 

 

Поврзани содржини