СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АРГЕНТИНА Шампионот може да биде суспендиран од Мундијалот во 2026

Истрагите против раководството на АФА и мешањето на државата ја ставаат репрезентацијата под сериозна закана од суспензија

805

Актуелниот светски шампион Аргентина се соочува со сериозна закана да остане без настап на Светското првенство во 2026 година, откако ФИФА отвори прашање за можна суспензија поради скандал поврзан со раководството на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА).

Како што објавува аргентинскиот весник „Ла Насион“, главната причина за евентуалната забрана е мешањето на државните институции во работата на фудбалската федерација – нешто што е строго забрането со статутите на ФИФА и претставува сериозно прекршување на нејзините правила.






Во рамки на истрагата, неодамна биле извршени нови претреси поврзани со претседателот на АФА, Клаудио Тапија, неговиот близок соработник Пабло Товигињо и заменик-благајникот Лучијано Накис. Тие се осомничени дека преку сложени финансиски шеми стекнале нелегално богатство.

Паралелно се води и истрага против финансиската компанија „Сур Финанзас“, која беше спонзор на аргентинската репрезентација и на неколку фудбалски клубови. Компанијата се доведува во врска со проневера и даночно затајување, а нејзиниот сопственик Ариел Ваљехо важи за близок пријател на Тапија.

Според „Ла Насион“, иднината на аргентинската репрезентација на Светското првенство сега зависи од брзината на судските постапки. ФИФА, наводно, чека аргентинските судови да утврдат дали раководните лица се виновни и дали ќе бидат суспендирани или ослободени од одговорност.

Додека не се заврши овој процес, учеството на актуелниот светски првак на Мундијалот во 2026 година останува под сериозен знак прашалник.

Светското првенство во 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. Аргентина е сместена во група со Австрија, Алжир и Јордан.

Поврзани содржини