📷 СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА Ќерката на Бајден тајно се разведува по 13 години брак!

Најмладата ќерка на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Ешли Бајден, наводно поднела барање за развод од својот сопруг, Хауард Крејн, по тринаесет години брак, објави списанието „Пипл“.

1,014

Најмладата ќерка на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Ешли Бајден, наводно поднела барање за развод од својот сопруг, Хауард Крејн, по 13 години брак, објави списанието „Пипл“.






Таа е во брак со оториноларинголог и пластичен хирург, 15 години постар од неа, со кого се омажила во 2012 година, а сега наводно одлучила да стави крај на нивниот заеднички живот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Biden (@ashleyblazerbiden)


Таа поднела барање за развод во Филаделфија на 11 август, а истиот ден објавила фотографија на која шета во парк и покажува палец нагоре, алудирајќи дека сè е во ред. Подоцна ја избришала фотографијата, а со оваа објава на својата приказна на Инстаграм ја поставила песната „Слобода“ во изведба на Бијонсе.

На нејзиниот профил на Инстаграм можете да најдете и цитат што дополнително ги поттикнал приказните за развод: „Нов живот, нови почетоци значат нови граници. Нов начин на живот што нема да изгледа или звучи како порано“.

Таа не се огласила по повод овие наводи, а нејзиниот сè уште законски сопруг, Хауард, исто така молчи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Biden (@ashleyblazerbiden)


Нивната љубовна приказна започна во 2010 година, а се запознаа преку нејзиниот полубрат Бо Бајден. Свршувачката се случи во октомври 2011 година, а една година подоцна тие го кажаа судбоносното „да“ во католичката црква „Свети Јосиф“ во Гринвил, Делавер, со спојување на католичките традиции на невестата и еврејските на младоженецот. По церемонијата, околу 200 гости се собраа во семејната куќа на Бајден покрај езеро, каде што вечерата била сервирана во дворот.

Поврзани содржини