СИТУАЦИЈАТА ВО ДОНБАС Е ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКА ПО УКРАИНЦИТЕ Зеленски повторно бара оружје

Претставници на украинската одбрана предупредуваат дека рускиот напад во источна Украина моментално е во најинтензивна фаза и потенцијално може да ја одреди судбината на земјата.

547

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оквалификува ситуацијата во Донбас како „исклучително тешка“, повторувајќи ја важноста од снабдување со оружје за одбраната на земјата.

– Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка. Сите сили што сè уште ги има руската армија се однесени таму…сакаат да уништат сè – рече Зеленски.






Тој повтори дека снабдувањето на Украина со тешко оружје е најдобрата инвестиција за одржување на глобалната стабилност во светот и, како што рече, „спречување на многу тешки кризи што Русија има намера да ги испровоцира.

Претставници на украинската одбрана предупредуваат дека рускиот напад во источна Украина моментално е во најинтензивна фаза и потенцијално може да ја одреди судбината на земјата.

Москва одлучи да ја интензивира офанзивата во Донбас во источна Украина, откако ги повлече силите од околината на два големи града, Киев и Харков.

Поврзани содржини