📷 СИТНО БРОИ ДО ПОРОДУВАЊЕТО Погледнете како изгледа Александра Пријовиќ во деветтиот месец од бременоста

Александра Пријовиќ го покажа трудничкиот стомак, одбројувајќи до доаѓањето на приновата.

1,951

Српската пејачка Александра Пријовиќ наскоро ќе го роди своето второ дете, овој пат девојче. Александра веќе го има шестгодишниот син Александар кој го доби со сопругот Филип.

Александра Пријовиќ (29) ги израдува своите следбеници со својата најнова објава на социјалните мрежи. Имено, пејачката откри како изгледа во деветтиот месец од бременоста, а го покажа и својот голем трудичк стомак во тесен бел фустан со цвеќиња, држејќи ги рацете нежно под стомакот, гледајќи спокојно во далечината. Заедно со објавата, таа стави песочен часовник што го симболизира одбројувањето до породувањето, кое треба да биде наскоро.

 







Многу брзо почнаа да пристигнуваат бројни коментари за убавината и трудничкиот сјај на Александра.

– Прекрасно, само се прашував како си – е еден од коментарите, бидејќи пејачката веќе извесно време не се огласува на социјалните мрежи.

Инаку, Александра имаше неверојатен успех со турнејата „Исток и запад“, која беше распродадена во рекорден рок во повеќе држави во регионот.

Убавата пејачка е снаа на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ.

Поврзани содржини