Сити преговара со Гвардиола за продолжување на соработката
Според Скира, 49-годишниот Шпанец веќе преговара со раководството на клубот за продолжување на договорот до 2022 година.
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ќе остане во клубот, објави новинарот Николо Скира.
Според Скира, 49-годишниот Шпанец веќе преговара со раководството на клубот за продолжување на договорот до 2022 година.
Минатата сезона Манчестер сити заврши на второто место во Премиер лигата и стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од Лион (1:3).
Токму со тренерот Гвардиола, се поврзува и евентуалното доаѓање на „Етихад“ на Лионел Меси, кој во минатото има работено со шпанскиот стручњак.