Сити му нуди нов договор на Гвардиола
Очигледно е дека премногу богатите сопственици на второпласираниот тим во Премиер лигата решија да му понудат уште подобри услови само за да остане на „Етихад“.
Прославата во Манчестер Сити не запира откако клубот ја „победи“ УЕФА на теренот во Лозана и ќе продолжи да учествува на европските натпреварувања следната сезона. Новата голема вест за навивачите е дека „граѓаните“ му понудија на менаџерот Пеп Гвардиола нов договор.
Деталите за споменатиот договор сè уште не се познати, единствено што се знае е дека Манчестер Сити му нуди на Каталонецот двегодишен договор.
Пеп Гвардиола е еден од најплатените тренери на денешницата, а во последната сезона од неговиот тековен договор, ќе земе неверојатни 20 милиони фунти.
Очигледно е дека премногу богатите сопственици на второпласираниот тим во Премиер лигата решија да му понудат уште подобри услови само за да остане на „Етихад“.
Да потсетиме, главната цел на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола е да ја освојат Лигата на шампионите, а тие би можеле да го постигнат тоа веќе оваа сезона.
Засега тие стигнаа до осминафиналето, каде во првиот натпревар го совладаа Реал Мадрид (2:1).