СИТЕ ЗНААТ ЗА БАНСКО И КОПАОНИК, ЌЕ ДОЗНААТ И ЗА ПОПОВА ШАПКА! Техно Алпин најавува ски-центар кој ќе се пробие на регионалната скијачка мапа

Нови 16 патеки за скијање, 9 нови жичници, од кои 2 во почетната фаза, два хотела, викенд населба и два реазервоари со вода за правење вештачки снег, кои ќе бидат атракција и во лето – најави инвеститорот.

990

Ќе работиме повеќе од 100 дена на Попова Шапка, со отворање на зимската сезона на почеток на декември и затворање на крајот на март – изјави Ерих Гумерер, извршниот директор на компанијата Техно Алпин, кој денеска во Владата го презентираше планот како иден инвеститор за развој на Ски-центарот на Попова Шапка.

– Ние сме компанија која е прва на пазарот за производство на вештачки снег. Попова Шапка е место со добра надморска височина. Сите знаат за Банско и Копаоник, но тука гледаме огромен потенцијал за ски-центрите – рече Гумерер.






Немања Џого, претставник на Техно Алпин, најави дека ќе се направат нови 16 патеки за скијање и 9 нови жичарници, од кои 2 на почетната фаза.

– Во првата фаза би ги изградиле системите за вештачки снег, кои ќе бидат целосно автоматизирани и поврзани со софтвер. Ќе работиме повеќе од 100 дена на Попова Шапка, со отворање на почеток на декември и затворање на крајот на март на зимската сезонам – најави Џого.

За правење вештачки снег ќе има два резервоари на вода, кои на лето би биле посебни атракции. Ќе има и 15 километри патеки за крос-кантри скијање. Џого даде дека исто така е потребна и набавка на ратраци. Во рамки на цела инвестиција се планирани седум нови ратраци, а во првата фаза планирана е набавка на два.

Инвеститорот најави два нови спа-хотели на почеток, а ќе се искористат и постојните два хотела за реконструкција. Би се изградиле викендички блиску до ски-центарот и два планинарски домови со 160 места. Најавена е и изградба на ресторан за храна за носење, три нови паркинзи и улици кои ќе водат до новите хотели.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се спроведува во шест инвестициски фази, од кои првата изнесува речиси 55 милиони евра.

Министерот за животна средина Насер Нуредини подвлече дека инвестицијата ќе биде 180 милиони евра и дека повик за инвестирање на Попова Шапка немало затоа што инвеститорот е избран од Владата како стратешки.

– Станува збор за прилично стар ски-ентар, каде првите основи започнале да се градат во текот на 50-те години од минатиот век, додека помеѓу 1970-тите и 1980-тите е изградена ски-зоната со ски-лифтови и патеки, како и првите хотели. За жал, повеќе од две децении не се инвестираше во модернизирањето на постоечките капацитети или проширување на сегашните, па поради истото, локалитетот во денешно време е застарен и заостанат, постојните ски-лифтови се застарени, нема систем за правење снег и последователно скијачката сезона е условена од временските прилики, односно, се скија само кога има обилни врнежи на снег, а скијачките патеки главно се поврзуваат без каква било адаптација на теренот – рече Нуредини.

Плусинфо неодамна објави своја анализа за потенцијалите на Попова Шапка и како тие можат рационално да се искористат:

ЌЕ ГО ОТКОПАМЕ ЛИ ЌУПОТ ЗЛАТО НА ПОПОВА ШАПКА? Скијачкиот рај ни е пред носот, само треба да го видиме

 

Поврзани содржини