„СИТЕ ЖРТВИ СЕ ОФИЦЕРИ, ТАМУ НЕМА ВОЈНИЦИ“ Седуммина руски старешини загинале од украински напад

Најмалку седуммина руски офицери загинале од нападот, а повеќе од десетмина биле повредени.

512

Најмалку седуммина руски офицери се убиени во ракетен напад блиску до окупираниот украински град Мариупол, објави британски Телеграф.

Петро Андриушченко, поранешен советник на протераниот украински градоначалник на Мариупол, рече дека најмалку 6 проектили погодиле камп што го користела руската војска во Бабах-Тарама, во источниот украински регион Доњецк.






Најмалку седуммина загинале од нападот, а повеќе од десетмина биле повредени.

„Сите жртви се офицери, таму не живеат војници“, објавил на Телеграм Андриушченко.

Украинските сили постојано ги гаѓале клучните руски бази длабоко зад непријателските линии, користејќи ракети со долг дострел и дронови.

Поврзани содржини