СИТЕ ЖЕНИ ПОЛУДЕА ПО НЕГО Дали е ова најзгодниот Дедо Мраз? (ФОТО)

Пол има 57 години, а со моделство почнал да се занимава во своите 20-ти години.

639

Пол Мејсон има 57 години и на социјалните мрежи е познат како модниот Дедо Мраз.

На најпознатиот дедо на светот којшто дели подароци, Пол всушност потсетува само поради седата брада, а жените го обожаваат и велат дека е еден од најзгодните мажи на планетата.






Пол е роден во Канада и во една пригода, пред куќата во која живее, го нападнала група обожавателки.

Секојдневно кога ќе излезе надвор добива куп барања за заеднички селфиња.

Пол има 57 години, а со моделство почнал да се занимава во своите 20-ти години. Бил забележан додека студирал и за неколку недели веќе чекорел по модните писти во Токио. По кратката кариера во Париз, се преселил во Њујорк и работел на кампањи за „Дона Каран Њујорк“, „Долче и Габана“ и „Мејси’с“, а бил и на насловната страница на австралискиот „Вог“.

Во 2008 година неговиот живот добил пресврт. Откако мајка му на Мејсон се разболела од рак, тој се вратил дома во Канада да се грижи за неа. Во текот на наредните пет години не работел, бидејќи негата на болната мајка станала централен фокус на неговиот живот.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини
na