📷 СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА СТАЈЛИНГОТ НА ЦЕЦА! Дојде во проѕирна кошула под која се гледа сѐ, а детаљ на неа вреди колку стан
Снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ продолжи вчера, а српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави насмеана во интересен стајлинг.
Снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ продолжи вчера, а српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави насмеана во интересен стајлинг.
Цеца ја донел возачот со бел џип, а таа видно расположена ги поздравила насобраните новинари и фотографи.
Овојпат Цеца носела долги широки панталони и интересна кошула, изработена од проѕирен материјал под кој сѐ се гледа.
Модната комбинација ја зачинила со детали како обетки во форма на срце и чанта „Биркин“ од луксузниот бренд „Ермес“, чија цена е цело богатство, како и сo високи потпетици. Цеца на себе имала повеќе од 30.000 евра.
Цеца ја истакнала половината со голем ремен, а иако била облечена во широка облека, очигледно е дека својата линија ја довела до совршенство.
Да потсетиме, 14 мај е особено важен ден за Цеца Ражнатовиќ, бидејќи нејзината снаа Богдана се породи и роди момче, на кое гордиот татко Вељко и таа му го дадоа името Исаија. Инаку, Цеца стана баба по третпат, Исаија е третиот син на Вељко и Богдана.
Фотографиите од стајлингот на Цеца можете да ги погледнете ТУКА.