📷 СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА „ГОЛИОТ“ ФУСТАН НА МАЈЛИ САЈРУС Направен е од 14.000 златни безопасни, биле потребни 675 часа рачна работа

Младата поп икона Мајли Сајрус од завчера е главна тема на светските медиуми. Пејачката Мајли Сајрус во неделата ја освои првата награда Греми во кариерата, во категоријата за најдобра песна - „Flowers“.

802

Младата поп икона Мајли Сајрус од завчера е главна тема на светските медиуми. Пејачката Мајли Сајрус во неделата ја освои првата награда Греми во кариерата, во категоријата за најдобра песна – „Flowers“.

Мајли се појави на доделувањето на Греми и покажа дека добро ја одработила својата „домашна задача“.






Поп ѕвездата се погрижи да блесне на ваков важен настан, а нејзината креација ја потпишува брендот Мејсон Марџела.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)


Што се крие зад оваа креација, пејачката откри вчера преку објава на својот профил на Инстаграм.

– За овој фустан беа потребни 675 часа рачна работа, 14.000 златни безопасни и е украсен со специјално избрани француски, антички мониста – нагласи Мајли Сајрус, која дефинитивно е меѓу дамите кои беа најдобро стилизирани на гала манифестацијата.

Поврзани содржини