СИТЕ ВРАБОТЕНИ БЕГААТ ОД МЕГАН И ПРИНЦОТ ХАРИ Единаесет луѓе дале отказ кај омразениот пар, а таа не издржала ни една година

Мередит Мејнс, главната директорка за комуникации на принцот Хари и Меган Маркл, го напуштила нивниот тим по помалку од една година

4

Меган Маркл и принцот Хари загубија уште еден клучен соработник. Нивната главна директорка за комуникации, Мередит Мејнс, го напуштила тимот по помалку од една година, наводно станувајќи 11-та личност на таа или слична позиција во последните пет години, што ја напуштила, пишува Page Six.

Извор близок до Мејнс ексклузивно открил за Page Six дека таа не ги напушта Меган Маркл и принцот Хари во лоши односи.






– Таа е одлучна и не се жали… навистина уживаше во времето таму, но во одреден момент доаѓа време за заминување.

Изворот додал дека Мејнс, со оглед на нејзиното искуство во технолошката индустрија, е навикната на динамична средина.

– Количината на работа што таа успеа да ја заврши за речиси една година беше неверојатна – таа го лансираше подкастот и ТВ-шоуто на Меган… и се грижеше за добротворната работа на принцот. Таа направи тоа што требаше да се направи, има многу планови за новата година и е многу возбудена.

И самата Мејнс го потврди своето заминување во изјава за Page Six.

– По инспиративната година работа со принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс и со Арчвел, ќе преминам на нова можност во 2026 година. Имам најголема благодарност и почит кон двојката и тимот, и за доброто што го прават во светот – рекла таа.

Портпаролот на Хари и Меган, исто така, се огласил.

– Мередит Мејнс и Method Communications ја завршија својата работа со Арчвел. Војводата и војвотката се благодарни за нивниот придонес и им посакуваат сè најдобро – се вели во нивното соопштение.

Освен со Мејнс, двојката се раздели и со ПР консултантите „Метод Комуникејшнс“ по само седум месеци.

Според „Сан“, кој прв ја објави веста, Мејнс нема да добие директна замена, туку нејзините должности ќе ги преземе Лиам Магваер, директор за комуникации за Велика Британија и Европа.

Поврзани содржини