СИТЕ ВО ФЕРАРИ СЕ ТАКВИ Хамилтон нема да се пензионира ако ја освои осмата титула
Сите во Ферари се такви. Овде има страст што нема да ја видите никаде на друго место. Ферари имаат сè што им е потребно за да победат, изјави седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, нема да се пензионира во случај да ја освои осмата шампионска титула.
– Ако имам среќа да освојам уште една титула, а тоа е секако нашата цел, нема да застанам тука. Работев со два тима кои освоија светски првенства. Знам како изгледа и како се чувствува победничкиот тим. Сите во Ферари се такви. Овде има страст што нема да ја видите никаде на друго место. Ферари имаат сè што им е потребно за да победат – изјави Хамилтон за „Gpblog“.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 му се приклучи на италијанскиот тим по сезоната 2024, заминувајќи од Мерцедес.
Минатата сезона, Британецот заврши на седмото место во генералниот пласман на возачи, со 223 поени.