СИТЕ ЉУБOВИ НА ГАБИ НОВАК Пејачката се мажеше три пати, првиот брак траел само 9 месеци

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст. Музичката дива имаше богат и исполнет живот - и деловен и приватен.

3,137

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст. Музичката дива имаше богат и исполнет живот – и деловен и приватен. Нејзината љубовна приказна со Арсен Дедиќ траеше речиси половина век, но пред него беше двапати во брак, пишува „Индекс.хр“.

Првпат се омажи на 19-годишна возраст, со академскиот сликар Богдан Дебењак. Бидејќи во тоа време биле многу млади, набрзо сфатиле дека се пренаглиле и се развеле и покрај меѓусебното почитување. Богдан Дебењак почина во 2014 година на 86-годишна возраст.






По разводот од Дебењак, Габи Новак се омажила за композиторот и диригент Стјепан Стипица Калоѓера. Со него работела на музички проекти, но се развеле во 1970 година. Калоѓера починал на 3 јануари 2025 година.

Со него била во брак во 1958 година, кога го запознала Арсен Дедиќ пред поранешното телевизиско студио на аголот на улиците Шубиќева и Звонимир. Музиката и ги споила. Тој почнал да пишува за неа и нивниот однос од самиот почеток бил строго деловен. Но, со текот на времето, деловниот однос прераснал во пријателство, а подоцна и во љубов и брак.

Кога се запознале, и Арсен бил во брак со Весна Матош (внука на А. Г. Матош), со која имал и ќерка, Сандра. За нивната романса почнало да се пишува дури кон крајот на седумдесеттите години.

Новинарката на „Плав вјесник“ дознала и дека брак е на повидок, и тоа непосредно пред нивното заминување на турнеја во СССР, од која Јосипа Лисац одеднаш била „отстранета“. На нејзиното место „упандала“ и така тргнала на патување со Арсен. Таа се согласила да се омажи за Арсен дури по раѓањето на нивниот син Матија во 1973 година.

Габи и Арсен биле заедно до 17 август 2015 година, кога тој починал. Во последните години, тој поминал низ тежок период поради трансплантација на црн дроб и операција на колк, но Габи цело време му била поддршка. Од нивната љубов настанаа со бројни музички соработки и некои од најубавите балади.

 

Поврзани содржини