СИТЕ ТРЕБА ДА ГО ТИНТРААТ ПУТИН ЗА ДА БИДЕ РААТ ЗА ПАРАДАТА Русија чека одговор од Украина за тридневното примирје, Зеленски и понатаму бара 30-дневен прекин на огнот

Претседателот Владимир Путин многупати кажа дека Русија е подготвена за преговори без никакви предуслови. Но, досега не сме добиле никаков одговор од режимот во Киев, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

444

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Русија е подготвена за разговори без никакви предуслови, објави Ројтерс.






– Претседателот Путин многупати кажа дека Русија е подготвена за преговори без никакви предуслови. Но, досега не сме добиле никаков одговор од режимот во Киев – рече Песков.

Песков изјави дека е тешко да се процени дали Украина ќе се приклучи на предложеното примирје.

Украина, пак, реагираше со прашање зошто Русија не го прифаќа нивниот предлог за прекин на огнот во траење од најмалку 30 дена. Володимир Зеленски повика на итен едномесечен прекин на огнот, објави Гардијан.

– Сега има нов обид за манипулација. Поради некоја причина, сите треба да чекаат до 8 мај и дури тогаш да има примирје за да му се обезбеди спокој на Путин за време на парадата. Ние ги цениме животите на луѓето, а не парадите – посочи Зеленски.

Путин во понеделникот најави примирје од 8 до 10 мај, за време на прославата на 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Поврзани содржини