СИТЕ ШТО ГИ КРИЕЛЕ КРИВИЧНИТЕ ЗА РАМИЗ МЕРКО ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ Пратеникот Петрушевски смета дека е неопходна „дедуизација“ на државата

Има можности ДУИ да реагира, можеби не да го смени Рамиз Мерко од градоначалник, но на пример, исклучување од партијата и слично – рече пратеникот Петрушевски.

776

На ДУИ очигледно не и одговара темата со Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга и неговото ставање на црната листа на САД, па затоа не реагираат. За други настани реагираат, но не и за овој – рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” што се емитува на телевизија Алфа.

– Има можности ДУИ да реагира, можеби не да го смени од градоначалник, но на пример исклучување од партијата и слично. Дополнувањето на црната листа на САД со Мерко е сериозен показател дека тоа што го кажува претседателот Христијан Мицкоски оти на Македонија и е потребна дедуизација е нешто неопходно што треба да се случи – рече Петрушевски.






Петрушевски укажа дека од ДУИ се метастазирани во сите институции на правосудниот систем, како и во други институции, и изненадува што од ДУИ е наведен само Мерко.

– Ковачевски со изјавата како може да знаат во САД за Мерко, а не и домашните институции, покажа дека судството е руинирано. Сите случувања и со Судскиот совет на пример покажува вклученост, длабока вклученост на политиката. Ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш укажуваме дека некои кадри кои ги предлага Владата, претседателот за членови во правосудниот систем не се соодветни и укажуваме дека има политички, бизнис влијанија и слично – рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски укажа дека за кривичните пријави за Мерко и молчење за истите, сите кои се вклучени во ова криење на пријавите треба да одговараат.

– Сето тоа покажува дека процесот на дедуизација на Македонија и е неопходен и треба да се случи час поскоро, дури и пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт. Дедуизацијата е корисна за сите – посочи Петрушевски.

Поврзани содржини